речник контакт

АТ Диспанзерот се пресели во Болница

Простор му е отстапен во заразното одделение

Петар Печков

 Од неодамна  Диспанзер за туберкулозни болести е преместен и работи  во Општата  Болница Велес. Пациенти кои ги користеа неговите услуги, во дотраената зграда близу ЕВН и Архивот, сега  треба да заминат во  Заразното одделение, каде му е отстапен простор.

Ова доаѓа по  посетата на министерот Тодоров во декември лани, кога констатираше дека овој диспанзер е далеку од останатите здравствени институции, не  е во нивен склоп и целина и дека има стара дотраена зграда која не  соодветствува со потребите  на пациентите.

Од десетти овој месец АТ Диспанзерот работи во Заразното одделение. На овој начин ќе се обезбеди функционалност за пациентите а ќе се намалат трошоците за работа.  Зградата  каде беше сместен е стара околу половина век,целосно  руинирана, во неа не може да се работи и заради пациентите  и персоналот  се пресели во нови простории – изјави директорот на Болницата  Атанас Василев.

Просторот е избран и согласно препораките на   санитарната инспекција,   болните од туберкулоза да немаат контакт со други пациенти во Болницата. На местото од старата зграда на АТД според ДУП ќе се гради осумкатница, чии станови се  предвидени за комерцијална продажба.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »