речник контакт

Абрашев носител на советничка листа на Левица- имаме тим за сите предизвици

Листата била составена од лица од различни профили и професии, медицинари, правници, економисти, инженери, екологисти

Петар Печков

Димитар Абрашев носителот на советничката листа на Левица  за Велес на денешната прес конференција се претстави себе и сите 22 лица кои се на оваа листа, за што рече дека е голема одговорност.   Советничката листа на „Левица“ била составена од 10 жени и 13 мажи, на возраст од 25 до 60 години возраст.  

„Се вклучив во политиката за да дадам свој придонес за да го промениме целиот систем кон подобро, хаосот во кој живееме да заврши.   Време да компетентни, чесни и вредни луѓе да бидат победници на конкурсите за вработување, наместо луѓе со партиска книшка.  Мораме да застанеме на патот на корупцијата и криминалот“ -  кажа Абрашев.

Тој е дипломиран менаџер по осигурување а работи како инструктор за обуна во автошкола.    За листата објасни дека е составена од лица од различни профили и професии, медицинари, правници, економисти, инженери, екологисти и на што посебно е горд, од голем број работници.  

„Сите сме  без претходен политички багаж, желни за позитивна промена, луѓе на кој општиот интерес им е над личниот, ние сме луѓе кои искрено го сакат Велес. Заедно со нашиот кандидат за градоначалник Златко Арсов, ќе докажеме дека може и мора да се работи чесно, дека Општина Велес може и мора да биде подобро место за живеење, без разлика за верската, политичката и економската припадност. Имаме тим за сите предизвици кои што не очекуваат “ - додаде Абрашев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »