Петар Печков
Објавено: четврток, 17 август 2023
Две филмски премиери, наредените седум дена на репертоарот на 3Д киноверзум во Велес.
Од денес - четврток, до среда, се прикажува американската акција, авантура „Сината бубичка“.Вонземска реликвија го одбира Хаиме Рејес да му биде симбиотичен гостин Реликвијата го опремува Хаиме со костим кој е способен да направи некои непредвидени и многу моќни потези кои засекогаш му ја менуваат судбината и го прават да стане супер херојот Синиот бумбар.
Комедијата „Љубов на прво ав“ е на репертоарот четврток, недела и среда во вечерниот термин. Откако имале ужасен прв состанок, Никол и Макс се согласуваат да си ги изгубат броевите и никогаш повеќе да не се видат...се додека нивните кучиња не се спријателат. Никол и Макс се присилени да бидат одговорни родители на нивните кучиња, но сепак наоѓаат љубов еден во друг.
И натаму на репертоарот е филмскиот хит „Барби“ пој по пет седмици прикажување собра повеќе од милијарда долари по светските кина. Играниот филм за куклата и нејзиниот партнер Кен, секој ден освен четврток и вторник во попладневниот термин.
Сабота навечер ќе се прикаже блокбастерот „Мег 2 патување во длабочините“. Џејсон Стејтам и неговиот тим се враќаат во истражувањето на Маријанската бразда, каде се соочуваат со нови застрашувачки чудовишта. Огромните ајкули се предизвик кој треба да се совладаат. Многу адреналин во вториот филм од оваа успешна постава од 2018-та.
Американскиот „Малата Сирена“ работен според истоимената бајка на Ханс Кристијан Андерсен, продукција на студиото Волт Дизни, е музички филм во кој настапува и Хали Бери како Ариел. Млада и убава сирена по име Ариел, склучува договор со злобна морска вештерка за да го размени својот преубав глас за човечки нозе, за да може да го открие копнениот свет и да го импресионира принцот во кој е заљубена. Ќе се прикаже вторник во попладневниот термин.
Tweet |