Петар Печков
Објавено: сабота, 27 септември 2014
Според податоците на НАСА, минатиот месец на глобално ниво е најтоплиот август откако се вршат регуларни мерења за глобалната температура, односно од 1880 година.
Имено, температурата на воздухот за август 2014 година, била 16,4 степени Целзиусови, односно околу 0,8 степени повисока од просечната температура за истиот месец во XX век (15,6 степени).
За разлика од изразито високата просечна глобална вредност, на Балканскиот Полуостров, месец август беше поладен од просекот (за околу 1-2 степени Целзиусови) и речиси двојно повлажен во однос на просечните 30-60 мм врнежи.
Tweet |