Петар Печков
Објавено: четврток, 16 август 2012
Пожарот кој четири дена гори на планината Бреза, велешко се гасне со авиони, информираа од Дирекцијата за заштита и спасување. Тој зафанал повеќе од 200 хектари шикара, нискостеблеста, закржлавена и деградинара шума. Огнот се приближува до хидроакумулацијата Лисиче и селото Дреново, како и кон селата Бањица и `Рлевци. Двата авиони канадери утрово го гаснеа пожарот, но огнената ситхија била силна па така тие имаат доста проблеми додека го локализираат.
Tweet |