Петар Печков
Објавено: среда, 15 јули 2015
Заради изградба на кружен тек на улицата Благој Ѓорев на спојот со улица 8-ма велешка, започна да се отстрануваат времените објекти спроти Железничката зграда. Локацијата позната како сендвичара Авона сега ќе остане само по името, се друго се руши.
Од десетината киоскци кои тука постоеја , сега останаа само купишта градежен шут.Но и него ќе го снема. Потоа ќе започнат градежните работи за изградба на кружен тек.
Со овој кружен тек ќе се добие побезбеден сообраќај и за автомобилите но и за пешаците. Досега оваа клучка беше тесно грло за сообраќајот во новиот дел од градот - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.
Станарите пак од Железничката зграда,кои долго време реагираа на бројните таксисти кои тука во нивниот двор се лоцирани, се надеваат дека и овој нивен проблем со изградбата на кружниот тек ќе се реши.
За целосно уредување на просторот, ќе се одземе и од тротоарот пред фонтанта кај Жито маркет. Целосната изведба ќе го чини градот околу 8 милиони денари. Така Авона заминува во историјата исто како и лимунадџилницата на Војса која беше од спротивната страна...
Tweet |