речник контакт

Австриските готвачи тврдеа, палачинката е нивен специјалитет, стар со векови

Палачинкта се јаде со мармалад од кајсии или солена со топено сирење, прелеана со рум и шеќер

Петар Печков

Татковина на палачинките е Австрија, специјалитет стар со векови. Ова за повеќето присутни  беше  несекојдневно откритие  кое го слушнаа на вториот меѓународен фестивал на храната,  кој  се одржува на хотелот Романтик покрај велешкото езеро Младост. Гостите  беа зачудени  од оваа информација, која австриската екипа гордо ја соопшти и повтори, за да нема забуни, но и дека не слушнале грешно, ниту грешно е преведено.

Палачинките се австриски  традиционален специјалитет и доаѓаат од кај нас. Рецептот е  стар повеќе стотини години, наследен од Австро-Унгарија, но опстанал со времето. Многумина кога ќе го слушнат ова се чудат, така што ниту вашата реакција не е поинаква од оние во остатокот од светот. Вообичаено  во Австрија  палачинките се полнат со две работи  мармалад од кајсија или со  топено бело  свежо сирење  прелино со рум и шеќер – рече  куварот Мајк Ханзи од гратчето Алзберг пред бројните гости на мотелот Романтик.

Тој работи како шеф на кујна во туристичко место  на бреговите од езерото и е специјалист за десерти. Неговиот колега потсети дека целата нивна кујна датира од Австро – Унгарија  и храната влече корени од тоа време  и е   мешавина на јадења кои доаѓале и од Босна, од Хрватска,Чешка, Словачка, таа е меѓународна за разлика од македонската  која има друго влијание  и е блиска до источната храна. Тие на присутните им понудија и многу благо, како  сахар торта,марципан, штрудла со  јаболка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »