речник контакт

Авто -иструктор мамел кандидати за полагање

Со разработена шема на празна уплатница измамил 12 велешани, за кои наводно извршил уплата

Петар Печков

 

Велешанецот К.Т. ( 48 год)  вработен како инструктор во авто-  школа ги мамел  кандидатите со лажна уплата на парите на сметка за лекарско уверение. 

Тој во пошта  уплатувал со три примероци на уплатницата, при што последната била  бланко - празна, и  на неа  го допишувал  името на некој од кандидатите што нему на рака му давале пари да тој ги уплати.

Така во 12 случаи излагал исто толку кандидати со по илјада денари. Велешката полиција ова го открила и му поднела кривична пријава за фалсификување на исправа.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »