речник контакт

Автобуската во Велес, без перони и со мирис на скара

Лоцирана под мостот Гемиџии, автобуската станица во градов е единствена по местоположбата

Петар Печков

      Автобуската станица во Велес е единствена по местото на локацијата во земјава. Таа се наоѓа под дел од мостот Гемиџии. Тоа  создава проблеми во одвивањето на автобускиот сообраќај, за пристапноста до објектот. Пероните каде запираат автобусите се дел од мостот стар повеќе од 50 години.

Автобуската во Велес е сопственост на ,,Го-ма,,  од Скопје фирма блиска на сопствениците на Автобуската во Скопје. Тие со неа стопанисуваат од први септември 2009-тата година. Во меѓувреме тие го обновија и уредија делот каде се продаваат билети и чекалната за патниците, како и санитарниот јазол. За разлика од овие простории надворешниот дел е несвојствен за автобуска, мешавина меѓу неа и угостителска улица. Патниците реагираат на ваквата состојба.

Убаво е уредена внатрешноста од автобуската, но за жал пероните не се функционални, не се такви како што треба, нема приод до автобусите. Местото каде чекаме автобуси е обиколено со кафеани, така што не се знае дали сме патници или гости во објектите, а од нив чади и има мирис на скара. Велешката после скопската е најфрекфента во земјава по број на патници и автобуси,  тука е крстосница помеѓу истокот и западот, но условите се далеку од потребите на патниците  – велат патниците.

Тие реагираат и на  дивите таксисти кои се пред вратата од влезот  на Автобуската и создаваат неред во желба да добијат патници. Локалните власти на Општина Велес  се обида во два наврати да се реши локацијата на автобуската, која е несоодветна, поради висината на возилата и висината на мостот. Имаше идеја  Автобуската да се лоцира во близина на Железничката или спроти неа, како целина за транспортен центар. Но овие две решенија набргу беа напуштени како невозможни. Постојната е времено решение, поради што сопствениците не можат да инвестираат во целосно уредување а  одржувањето на мостот е во надлежност на Агенцијата за државни патишта.       

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »