Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 февруари 2016
Наместо рачно, хлорирањето на водата во Фабриката за вода, започна автоматски. Ова е новина која неодамна ја изведоа стручни лица од ЈКП Дервен.
Tие набавија нова софистицирана опрема за автоматско хлорирање на водата. Таа чини 60 илјади евра и на овој начин ЈКП Дервен ги следи најновите стандарди за безбедност во снабдувањето со вода.
Оваа хлоринаторна станица е од најнов вид. Таа е најмодерна и најсовремена и во следните 30 години ќе биде во функција. Досегашното хлорирање, беше застарен начин,рачно, бидејќи фабриката е изградена во 90-тите години. Новата опрема е купена од сопствени средства - рече Фиданчо Цековски директор на ЈКП Дервен.
Tweet |