Петар Печков
Објавено: недела, 13 август 2017
Неделата ноќта, еден час по полноќ година на магистралниот пат Велес -Штип, кај село Кадрифаково се случила сообраќајна незода, во коај има еден тешко повреден.
С.Г.(58) од село Облешево, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Кади“ со хрватска национална ознака, изгубил контрола над истото, излетал надвор од патот и се превртел на кров. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.Г.(57) од село Облешево, која е пренесена во Медицински центар Штип – информираа од МВР.
Саботата попладне во 18,45ч. сообраќајка на приодот од Велес, во која има еден патник кој се здобил со полесни повредни. Сообраќајката се случила на влезот во Велес близу бензинската пумпа на Макпетрол.
До сообраќајката дошло кога автомобил марка ,,тико,, со охридски регистарски таблички, со кој управувал Љ.Д. ( 63 год) и доаѓал кон Велес, удрил во автобус марка ,,мерцедес,, со струмички регистарски таблички сопственост на ,,Струмица експрес,, а со кој управувал Н.М. (55 год) кој заминувал од Велес. Во сообраќајката повредена е В.Д. ( 63 год) сопатник во тикото, која префрлена на хируршкото одделение на Велешката Болница. При прегледот констатирани биле полесни телесни повреди и истата е пуштена на домашно лекување – информираа од МВР.
Tweet |