Петар Печков
Објавено: сабота, 02 декември 2017
Ноќеска автомобил излета и удри во бетонски столб, тројца повредени, еден задржан во болница. Ова е а накратко епилогот од сообраќајка која се случи во близина на зградата на Пошта.
Нешто пред 3 часот, на улица 8-ми септемвир број 7. ноќеска автомобил опел крос,а со велешки регистарски таблички, излетал од улица и удрил во бетонски столб. Со автомобилот управувал Д.А. (21 год) од Велес а во него имало и две девојки сопатнички. Сите тројца со возило на ИМП биле пренесени во хируршкото одделение на Општа Болница. Двете девојки по пружената помош биле пуштени дома, додека возачот е задржан на лекување. Кај нив се констатирани телесни повреди – соопштија од МВР:
Увидот на сообраќајната полиција ќе даде одговор за причината зошто автомобилот излетал до патот. За силината на ударот зборува и оштетениот столб и дел од тротоарот каде удрил автомобилот. Среќна околност е што немало автомобил кој доаѓал од спротивна насока или пак паркирано со што штета ќе претрпеле и други лица и возила.
Tweet |