Петар Печков
Објавено: вторник, 14 јули 2020
Возач е тешко повреден откако со неговиот автомобил излетал од патот, пред населбата Превалец. Сообраќајка се случила попладнево околу 15,45ч. на приодот кон Превалец од правец на Велес. Возачот на автомобилот марка „рено клио“ Н.Л. (74 год ) минал со тешки повреди.
Донесен е возач кој се здобил со тешки поведи, скршеници на ребра, повреда на глава. Сместен е на одделение - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Први на помош дошле велешките пожарникари кои од оштетеното возило го вадело поведениот возач. Во акцијата учествувале четворица пожарникари, кои го предале на екипата на Итната помош.
Тaa го имобилизирала повредениот, му дала прва помош го транспортирала до велешка Болница, соопшти д-р Маријан Мишев.
Сведоците велат дека возачот доаѓал од правец ан Велес.
Среќна околност е што дрво или жбун ја сопре колата, во спротивно ќе паднеше од 10-тина метри право на пругата Велес - Битола, на излезот од тунелот. ова е трет инцидент, во претходните два излетаа два автомобили, но тие се искачија на оградата и не паднаа во провалијата - велат превалчани.
Tweet |