речник контакт

Автомобил излета од Костурница, на кружниот тек (фото)

Четворица млади, двајца браќа и двајца соседи, потешко повредени по пад од 10-тина метри височина

Петар Печков

Попладнево околу 15,30 часот автомобил излета од патот  кој води кон Спомен Костурницата и падна на новоизградениот кружен тек.  Автомобилот летнал во  височина од десетина метри колку  што е разликата помеѓу  патот каде возел и таму каде слетал. Автомобилот е безмалку искршен. Повредени се четири лица во автомобил комби  фолксваген шаран . Според дежурниот доктор   од Општата Болница во Велес, најтешко е повреден најмладиот пациент, дете. 

 Околу 16 часот кај нас беа донесени четири пациенти, едното е на возраст од 6 до 7 години, останатите три од 18 до 20.  Детето е со сериозни  повреди на главата и заедно со  уште еден повреден Ј.Џ. ( 18 год)  со проблеми на белите дробови, се  пренесени во  Ургентен во Скопје додека двете останати   првично не се животно загрозени - изјави д-р Љупчо Леов дежурен доктор во велешката Болница.  Двете  лица кои останаа во велешката Болница Ш.Б. (20 год) и  М.А. (19 год) имале скршеници.   Таму беа блиски на повредените, кои раскажаа дека  младите штотуку излегле   да се повозат со колата и се случила несреќата. Двете лица била браќа, детето со уште едно момче а другите двајца соседи и другари. Сведоци на настанот се неколку дечиња на десетгодишна возраст  кои играле на платото пред Костурницата.

 Колата доаѓаше кон населбата и возеше брзо. Наеднаш како да  се лизна на земја и песок што ја има на патот, почна да оди кон провалијата и излета. Падна долу на  патот. Едно од момчињата излета додека колата се лизгаше и беше на тревата, имаше едно мало дете во неа. Возачот едвај го извадија од колата, која беше смачкана - велат децата сведоци.  На местото на настанот беше увидна екипа на СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »