Петар Печков
Објавено: среда, 25 мај 2022
Попладнево на автопатот Скопје- Велес, близу наплата рампа Сопот се случила сообраќајна несреќа, во која жртва е 15 месечно дете. Во автомобилот кој од непознати причини излетал од автопатот, било семејство од Неготино.
“На 25.05.2022 година околу 15,30 ч. на автопат Скопје -Велес од патот излетало автомобил „Рено Клио“ со неготински таблички, управувано од Д.В. (1984) од Неготино и сопатници В. В. (1993) и дете. В.В. со ИМП е пренесена во Ургентен Центар, а возачот и детето со приватно возило се пренесени во Клинички центар - Велес, каде од страна на лекар констатирана е смрт на детето“ - соопштија од МВР . Увидот за причините на сообраќајката е во тек
„Во велешка Болница донесено е машко лице, кај кого се констатирани повреди на ребрата и е префрлен на клиника во Скопје. Поведената жена е директно однесена таму. Во Болницата е донесено и дете на 15 месечна возраст. Него лекарите се обидувале да го реанирмираат, за жал без резултат, тоа починало“ - информираа од Општа Болница Велес.
Tweet |