Петар Печков
Објавено: четврток, 08 август 2024
Средата вечер, автомобил кој од правец на Велес возел кон езеро Младсот, излетал од надвозникот и паднал на железничката пруга Велес – Кочани.
Деталите од информациите на СВР Велес, ТППЕ Велес и за здравстената состојба на возачот од Општа Болница Велес.
„На 07 август во 22.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Вардарска“ во Велес, патничко возило „хјундаи гец“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ.(53 год) од Велес, излетало надвор од коловозот“ – информира Тања Ѓуровска од СВР Велес.
„На ден 07 август 22:50 примена е дојава за излетано возило од мостот кај базен ЛИДО. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 прптивпожарно возило и пет пожарникари спасители. По пристигнување на лице место извадено е повреденото лице и предадено на Итна Медицинска Помош“ – информираа од ТППЕ Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Ќ., констатирани во Општа болница Велес.
„Околу полноќ во Ургентен ценатар донесен е пациент повреден во сообраќајка. Дадена му е неопходна здравствена помош од дежурна екипа и извршена комјутерска томографија на цело тело. Констарирани сериски сркешници на ребра, повреди на глава, контузија на гради, фрактура на пршлени од рбет.Пациентот утрово поради тежината на повредите е пренесен на Ургентен центар во Скопје“ – кажа Марина Андова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |