Петар Печков
Објавено: сабота, 04 мај 2013
Утрово околу 3,30 часот на улицата Вардарска се случи сообраќајна незгода со среќен епилог. Според СВР Велес автомобил марка ,, ситроен Ц-3 ,, управувано од Б.С. излетал од патот и паднал во дворот на ЈП МЖ инфраструктура. При незгодата нема повредени, тројцата патници иако паднале од неколку метри висина во дворот, минале без повреди. Од ударот ураната е оградата која е дел од надвозникот кај Градскиот базен.
Автомобилот има оштетувања и е направена материјална штета. Среќна околност е што автомобилот не излетал неколку метри потоа, затоа што таму е веќе базенот и височината е многу поголема. Причината за излетувањето е неприлагоденост со условите и знаците на патот.
Tweet |