речник контакт

Автомобил излета од патот кон пругата, кај бавчите на Јулика, две момчиња се тешко повредени

Поради инцидентот, железничкиот сообраќај на релацијата Велес – Гевгелија беше во прекин од 15 до 18,40ч.

Петар Печков

Неделава околу пладне, автомобил, марка фолсфаген поло, излетал од регионалниот пат Велес- Градско, кај месноста Црн Камен, кај бавчите на Јулика и слетал на железничката пруга Велес- Гевгелија. При тоа две млади лица од Велес,  К.Г. (29 год) Б.Е. (27 год) се здобиле со тешки телесни повреди и се пренесени на клиниките во Скопје. Прва на местото од настанот била екипата на Итната помош.

„ Во 15 часот е добиена пријава за сообраќајка, излетан автомобил  на пруга, со двајца патници. Згрижени се на лице место, имаат повреди на глава и двете лица и веднаш се пренесени во велешка болница“ – соопшти  д-р. Василка Пановска началник на службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Деталите за сообраќајката ги соопштија од Центарот за управување со кризи.

„Во 15,04ч. примен е повик за излетано возило марка „фолсфаген поло“ од регионалниот пат Велес- Градско, на железничката пруга Велес- Гевгелија. При тоа едно од лице излетало од автомобилот и  било на косината покрај патот, а второто  во возилото, при што пожарникарите интервенирале 30 минути за да го извадат од автомобилот. Железничкиот сообраќај беше во прекин 60 минути“ – соопштија од Центарот за управување со кризи Велес.

Интервенирала и противпожарната единица

„На ден 16.06.2024 во 15:04 примена е дојава паднато возило на пруга Велес – Гевгелија на место викано Црн Камен. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 противпожарно  возило и 4 пожарникари спасители . По пристигнување на лице место пристапено е кон вадење на повредените лица и истите се предадени на Итна Медицинска Помош“- информираа од ТППЕ Велес.

Од велешката полиција дополнија дека возач на автомобилот бил К.Г. додека сопатник Б.Е.

„Примени се две лица, кои се повредени во сообраќајна незгода. Од страна на дежурен лекар од хирургија дадена е потребната здравствена нега, извршени се  снимања со комјутерски томограф на телото од повредените, при што на едното лице констарирани се повреди на глава а кај второто повреди на граден кош. Поради тежината и специфичноста на повредите итно се пренесени на Ургентен во Скопје“ – кажа Марина Андова, портпарол на Општа Болница Велес.
 
Поради инцидентот, железничкиот сообраќај на релацијата Велес – Гевгелија беше во прекин од 15 до 18,40ч. Или тоа го почувствуваа патниците од попладневиот воз Скопје Гевгелија, кој во Велес стигна во 17,40  и чекаше  60 минути да биде острането возилото, по што го продолжи патувањето за Гевгелија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »