речник контакт

Автомобил излетал од автопат, возачот се здобил со повеќе скршеници на натколеница и е пренесен на Ургентен во Скопје

Увидот на местото на сообраќајката,треба да ја истражи причината за излетувањето на автомобилот. Пожарникарите го ваделе излетаното возило.

Петар Печков

Утрово во сообраќајка, откако автомобилот со кој управувал излетал од автопат, возачот се здобил со тешка телесна повреда за подоцна да биде префрлен на Ургентен во Скопје. Деталите од информацијата на СВР Велес и Општа Болница Велес.

„Денеска  21 мај,  во 06.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А-1, делница Велес – Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки,управувано од П.К (31 год ) од Велес, излетало од коловозот“ – информира Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Велес.

„Утрово околу 7 часот донесен е пациент во Ургентен центар, дадена неопходна лекарска помош, извршени радиолошки снимања и констатирана политраума на натколеница. Беше згрижен на ортопедија, а подоцна поради сериозноста на повредите е пренесен на Ургентен во Скопје “ – соопшти Марина Андова, портпарол на СВР Велес.

Возилото  било извадено од екипа на ТППЕ Велес.

„На ден 21 мај  во 06:20 примена е дојава за превртено Патничко Моторно Возило на автопатот  Велес - Скопје пред пунктот на Македонија Пат. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 пп возило и 3 пожарникари спасители. По пристигнување на лице место обезбедено е возилото“- соопштија од ТППЕ Велес..

За настанот ил  известен јавен обвинител и по негово овластување, полициски службеници од СВР Велес извршиле  увид на местото на сообраќајката, за да се истражи причината за излетувањето на автомобилот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »