речник контакт

Автомобил излетал од автопат, повредени сопружници

Двете лица од Скопје, се префрлени на клиника Мајка Тереза

Петар Печков

Автомобил излетал од автопат, двајцата патници поведени и пренесени на клиниките во Скопје.

„На 23 март  околу 15.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А1 во правец Велес- Градско, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(36 год) од Скопје излетало од патот“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Д., констатирани во Општата болница Велес а повредена била и неговата сопруга, сопатничка.

„На хируршкото одделение приемни се двајца пациенти, повредени во сообраќајка.  Кај мажот по извршените снимања, констатирана е повреда на кичмениот столб а кај неговата сопруга полесни повреди. И двете лица се пренесени на клинка „Мајка Тереза во Скопје“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

По овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за излетувањето на автомобилот .

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »