речник контакт

Автомобил излетал од автопат, три лица со тешки телесни повреди, едно пренесено на Ургентен од Скопје

Семејството било од Кавадарци

Петар Печков

Автoмобил во кој било семејсво oд Кавaдaрци, излетал од автопат пред влезот на Велeс - Север, близу Башино село. Повредени се три лица, едното поради тежината на повредите е пренесено на Ургентен во Скопје. Деталите од информацијата на службата за Итна помош, СВР Велес и Општа болница Велес.

„Пријавена е сообраќајка во 15,30ч. кај Башино село, превртен автмобил, повредени е три лица со политраума, згрижени на лице место, дадена неопходна терапија и транспортирани во Ургентен центар од велешка болница за натамошно лекување“ – кажа д-р Василка Пановска началник на службата за итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

„На 20септември  во 15.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје – Неготино, пред исклучокот Велес кај село Башино село, патничко возило „сеат леон“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(30 год) од Кавадарци, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците 61 – годишната Д.Т.и В.Т.(66 год), сите од Кавадарци, констатирани во болницата во Велес“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

„Околу 16 часот со возило на итна медицинска помош се донесени три лица, во Ургентен центар во ЈЗУ ОБ Велес,со повреди стекнати при сообраќајна несреќа
Сите три лица се од Кавадарци В.Т.66 годишен, машки пол, упатен е на оддел за радиодијагностика, каде е направена радиодијагностика и компјутерска томографија на цело тело. Констатирани се тешки телесни повреди,фрактура на надлактица и фрактура на ребра Д.Т. 61 годишна возраст, женски пол, констатирана е фрактура на лева подлактица, фрактура на ребра фрактура на прешленско тело. С.Т.30 годишна возраст,машки пол ,по направени радиодијагностички прегледи и компјутерска томографија на цело тело констатирани се политрауми на лицев скелет, носна коска, како и фрактура на прешленско тело Поради тежината на повредите В.Т. е препратен кон Ургентен центар Скопје Д.Т и С.Т. во овој момент, утрово-сабота 10ч. се наоѓаат на понатамошен третман и лекување на оддел за хируршки болести каде се следи нивната состојба“ – информираше Марина Андова, портпарол на Општа болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »