речник контакт

Автомобил излетал од автопат кај Виничани, возачот со скршеница пренесен на скопските клиники

Возачот и сопатничката биле од Куманово

Петар Печков

Понеделникот околу пладне, автомобил излетал од автопат, на делница Градско -Велес, две лица, во возилото бил брачен пар кумановци. Детаталите од информацијата на велешка полиција и од велешка болница.

„На 1 јули околу 11 во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопат А1, од правец на Градско спрема Велес, во близина на наплатна станица ,,Виничани“, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(67 год) од Куманово, излетало надвор од коловозот“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила С.М.(66 год) од Куманово, констатирани во болницата во Велес.

„Околу пладне  на хируругија донесени се двајца пациенти. На нив им е пружена здравствена помош, по што се извршени радиодијагонстички снимања. Кај пациентката немало повреди и со совети за натамошен третман е пуштена дома.  Кај пациентот е констатирана скршеница на потколеница и е пренесен на скопските клиники“ – кажа Марина Андова, портпарол на Општа болница Велес.

По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес а истрагата треба да ги открие причините за излетувањето на автомобилот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »