Петар Печков
Објавено: среда, 11 септември 2024
Автомобил излатал од автопат, после наплатна рампа Отовица, патничка поради сложеноста на здобиените повреди препратена за Ургентен Скопје. Деталите од информациите на СВР Велес и Општа болница Велес.
„На 10 септември околу 14.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот А1 Велес – Скопје, после наплатна станица Отовица, патничко возило „опел“ со кривопаланачки регистарски ознаки, управувано од Р.М.(51 год) од Крива Паланка, излетало од коловозот“- соопшти Биљаан Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.М.(50 год), додека со телесни повреди другата сопатничка А.М.(23 год), двете од Крива Паланка, констатирани во Општата болница во Велес.
„Пациентка на 50 годишна возраст донесена околу 15 часот во ЈЗУ Општа болница Велес со повреди здобиени во сообраќајна незгода. Упатена е кон оддел за радиодијагностика каде е направено Компјутерска томографија на глава, граден кош, врат и абдомен. Констатирана е скршеница на градна коска, како и скршеница на пршленско тело на лумбален рбет. Поради сложеноста на повредите пациентката е препратена на понатамошно лекување во Ургентен центар Скопје“- информира Марина Андова, портпарол на Општа болница Велес.
Tweet |