Петар Печков
Објавено: четврток, 14 мај 2020
Вчера попладне автомобил излетал од патот и паднал на железничката пруга кон Гевгелија. На автомобилот налетал товарен воз, но среќна околност е што го видел и сопрел навреме.
Во автомобилот имало петмина патници, наспроти препораките на Владата дека може да бидат до три лица, вклучувајќи го и возачот. Несреќата се случила околу 19 часот, на регионалниот пат Велес - Градско, близу Агриа, кој е забранет за сообраќај, поради изведување на градежни работи.
Патничко возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(22) од Куманово, изетало од патот и паднало на пругата а на него налетал товарен воз кој сообраќал од Велес за Гевгелија. . Во возилото биле и сопатниците А.К.(25), С.К.(21) и тримесечно бебе, сите од Неготино и Ш.М.(27) од Куманово - информираше Верољуб Додевски протпарол на СВР Велес.
Од МЖ соопштија дека според брзината на возот, кажувањата на машиновозачот, возилото било на пругата, тој го видел правовремено сопрел и возот не бил причина за повредете на патниците.
Први на помош пристигнале велешките пожарникари кои од оштетеното возило ги ваделе патниците. Со две екипи и две возила интервенирала Итната помош од Велес. Откако им била дадена прва помош на повредените, биле имобилизирани, биле префрлени во велешката Болница.
Двесет и седумгодишен пациент поради повреди на лумбална кичма е препратен на Клинички во Скопје, како и три месечното бебе поради повреди на главата. Но тоа е вратено назад и е задржано на одделение и неговата мајка како придружба. Таа и другите две донесени лица, кои се пуштени на домашно лекување се со лесни повреди - информираше д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Поради увид на местото на настанот, железничкиот сообраќај од Велес кон Гевгелија и обратно беше во прекин до 23,40ч.
фото архива
Tweet |