Петар Печков
Објавено: недела, 10 март 2024
Осмо мартовски случај кога автомобил во кој сите патнички биле жени излетал до пат. Едната од нив е со тешки повреди е пренесена во Скопје а трите се со полесни, сите четири се од селото Дорфулија.
„На 08 март во 23.40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Велес -Штип патничко моторно возило „хјундаи“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од А.И.(36 год) од село Дорфулија- Општина Лозово излетало надвор од коловозот. Во возилото се превезувале и три сопатнички кои по незгодата со друго возило се упатиле во Општата болница Велес’ - соопштија од МВР
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе, по што ќе се знаат причините за сообраќајката. Во автомобилот биле Ф.Д (29 год) . (М.Ѓ. 32 год) и С.У.Н (41 год).
„На 09.03.2024 во 00.52 h сообраќајка кај Дорфулија на хирургија се донесени повредени лица, .Направени се 16 рендген прегледи и две компјутерски томографии С.У.Н. (41 год.),поради сложеноста на повредите, по укажаната итна медицинска помош од страна на дежурната екипа на хируршките оддели,упатена е кон Ургентен центар Скопје. Трите патничи повредени во сообраќајката, се задржани на понатамошно лекување во Болница“ - информираше Марина Андова портпарол нa Општа болница Велес.
Tweet |