речник контакт

Автомобил со двајца велешани удрил во ограда на автопат враќајќи се кон Велес

Сопатничка е пренесена на Трауматологија во Скопје а возачот е на опсервација во велешка Болница

Петар Печков

Средата попладне автомобил со велешки возачки таблички излетал од автопат и удрил во оградата, по што се превртел на кров, при што две лица велешани се повредени, едното е префрлено во Скопје а второто задржано во Болница во Велес. МВР со информации за сообраќајката.

На 10-ти март во 16.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје–Велес, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.С.(57) од Велес  удрило во бетонска ограда. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.С.(83) од Велес, а со телесни повреди се здобил  возачот, констатирани во Градската општа болница Велес - соопшти МВР.  Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по спроведената истрага   ќе биде позната причинат за излетувањето. .

За карактерот на повредите информираа од Општа Болница Велес.

Вчера околу 17 ч на одделот за хирургија при ЈЗУ Општа Болница Велес донесен е маж на 82 годишна возраст, со приватно возило, повреден во сообраќајна  незгода,  направени се сите потребни иследувања при што е констатирано скршеница на лумбален прешлен, поради сериозноста на повредата препратен е на Клиника за Трауматологија- Скопје. По еден час е донесено уште едно лице од страна на ИМП- Скопје со полесни телесни повреди при што е задржано на 24 часовна опсервација - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »