Петар Печков
Објавено: четврток, 25 мај 2017
Автомобил удрил во воз, утрово во близина на село Кадрифаково. Среќна околност е што возачот, кој бил сам во автомобилот минал неповреден а колата има сериозни оштетувања. Сообраќајката се случила во 6,10 ч. на обележан железнички премин, на пругата Велес- Кочани.
Утрово се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило марка ,,ситроен,, со светиниколски регистарски таблички, и патнички воз кој сообраќал на релацијата Штип – Велес. Возачот минал без повреди, тој возел по локалниот пат од село Ерџелија кон село Кадрифаково – изјавија од СВР Штип.
Поради увид на местото на сообраќајката железничкиот сообраќај на релацијата од Штип кон Велес беше во прекин два часа. Од МЖ велат дека преминот е обележан со вертикална сигнализација со сообраќаен знак и прашање е зошто истата не ја почитувал возачот. На ова прашање одговор ќе даде истрагата.
Селаните од Кадрифаково велат дека возачот бил локален жител, кој секојдневно минувал тука и не нејасно, зошто и покрај тоа што знаел дека во тој термин минува патничкиот воз доаѓа, решил да ја мине пругата.
Секоја година на истиот овој железнички премин се случува сообраќајка. Лани на 2-ри септември, автомобил голф минел преку пругата и удрил во патничкиот воз, при што возачот се здобил со тешки повреди. В
о 2015-та на 4-ти август двајца мештани од село Ерџелија кога одлее на нива, беа тешко повредени кога со нивниот автомобил удрија утрото во воз.
Tweet |