речник контакт

Автомобил удри во цистерна, среќа трите момчиња спасија живот (фото)

Цистерната била полна со пропан бутан и пожарникарите спасиле од можна експлозија со катастрофални последици

Петар Печков

 Утрово во 7,10 ч. на приодот за Велес, кај Башино село се случила сообраќајна несреќа, која имала среќен крај за трите  момчиња од автомобилот. 

Автомобил марка  фиат пунто удрил во цистерна полна со пропан бутан.  Автомобилот доаѓал од правец на Речани, додека цистерната се вклучувала на автопат.

Автомобилот, во кој биле три момчиња, сите  на 24 годишна возраст,  удрил во резервоарот со нафта од  цистерната. Од страна на сведоци на сообраќајката, биле  извлечени од автомобилот . Интернирала противпожарната  единица од Велес.

Со навремена интервенција на пожарникарите спречена е трагедија, оти сите знаеме што значи камион полн со пропан бутан ако експлодира и како тоа ќе се одразеше брз Башино село и неговите жители.  Повикав екипи на ЈКП Дервен и тие со цистерни го  исчистија патот   од нафтата, за да има безбеден сообраќај  и крстосницата сега  е безбедна – изјави Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ од Велес.     

 Во ЈЗУ Општа Болница Велес,  на хируршкото  одделение утрово биле примени три лица, сите со полесни повреди. 

 Трите повредени  лица  од  сообраќајката  утрово се задржани на опсервација. Ц.Ј. се жалеше на болки во главата, додека  С.К и  С.Д. на болки по телото, но сите надвор од животна опасност – изјави д-р Весна Маркова портпарол на болницата. 

ОД МВР го потврдија настанот  и нивни  увидни екипи биле на терен, а истрагата ќе ги открие причините  како дошло  до несреќата.  

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »