речник контакт

Автомобил удрил во велосипедист, кој завршил на клиника во Скопје

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Велес

Петар Печков

Вторникот вечерта на плоштад Сармаале, велосипедист бил тешко повреден од страна на возач на автомобил МВР со детали за настанот.  

„На 22 ноември  околу 19.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Велес, патничко возило „сеат леон“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(47 год) од Велес, удрило во велосипед управуван од Х.У.(22 год) од Велес“ - соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Велес.

„Кај повредениот  при прегледите е констатирана скрешница на потколеница поради специфичноста на повредата и можни последици, испратен е на  трауматологија во Скопје“ - соопшти  д-р Елена Лекова Ќулумова.  

По овластување од Јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »