речник контакт

Автомобил удрил во патничкиот воз во Лозово

Возачот на автомобилот се здобил со телесни повреди

Петар Печков

Петокот  навечер на железнички премин  во Лозово,  автомобил удрил во патнички воз. Преминот бил  на обезбеден со хоризонтална и вертикална  сигнализација.  Возачот бил пренесен во велешка Болница.

На 13 декември околу 18,10 часот на железничка пруга Велес- Кочани, на патен премин во  Лозово, се случила железничка незгода во која патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје- Кочани удрил во патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Б.(30) од село Милино. - информираше МВР.

Во незгодата со повреди се здобила И.Б. која била пренесена во Општата болница Велес, за укажување на лекарска помош. Д-р сци. Тодор Јаковлев како портпарол на ЈЗУ Општа Болница информираше дека на пациентката е извршено томографско снимање и констатирани се полесни телесни повреди, по што е пушена на домашно лекување.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »