речник контакт

Автомобилот фиат линеа во рацете на Наталија Димовска

Не секогаш, не секаде, ама постои среќа, само треба да се поттикне - вели Наталија

Петар Печков

Наградата од Жито Маркети автомобил ,,fiat linea,,  веќе ја вози велешанката Наталија Димовска. Таа беше најсреќната, бидејќи  беше извлечена од илјадниците купони кои пристигнаа а  беа собирани два  месеци  во наградната игра „Навика да освојам повеќе“,,.

Ми се случи сосема неочекувано. Кога ќе се сетам на моментот кога дознав, се чувствувам убаво.  Порачувам сите нека ги играат игрите на среќа затоа што.. не секогаш, не секаде, ама постои среќа, само треба да се поттикне  - вели Наталија.   

Објаснува дека  испратила два купони и среќата и се насмеала. Ова и била прва награда во некоја наградна игра.  За наградата дознала кога го гледала  огнометот а нејзина пријателка телефонски ја информирала дека тој е во чест на наградената а тоа е таа. Наталија на верувало во ова, но  потоа потврдата дека е добитничка ја направила пресреќна.  Автомобилот  веќе е регистриран и најмногу го користи синот Кире. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »