речник контакт

Агата победи на натпреварот за Државно првенство ( фото)

Учествуваа 100-тина кучиња кои се натпреваруваа во 10-тина категории

Петар Печков

Германскиот овчар  Агата, стар девет месеци  победи на  натпревар од Државното првенство на кучиња кое се одржа  во Велес. Тоа е сопственост на  велешанката Лидија Андреева а водич Ристе  Тој ги собра пехарите  и аплаузите од присутните.

За да се дојде до некаква награда, признание кучето треба да има потенцијал.  Не може секое да стана првак. Потоа мора  да е работи со него, по два три часа  дневно – вели неговиот сопственик Андреева. 

Нејзиното куче, Германскиот овчар  Агата   победи во севкупна конкуренција на 100 кучиња кои се натпреваруваа  во Градскиот парк во Велес, во  десетина категории  а имаше кучиња од 40-тина раси.  За да биде едно куче државен првак на крајот од годината, треба да победи на три натпревари со тројца различни судии.

Се работи за раса која е на нивото на мерцедес кај автомобилите. Го  користат во армијата, полицијата секаде низ свет. Тоа е најексплоатираното куче на свет, во позитивна смисла на збор - рече  неговиот водич Ристе Гиовски.   

Судиите го оценуваа надворешниот изглед на кучето, држењето, одењето, главата, забалото,телото, дресурата.  На првенството имаше мноштво раси, шарпланинец, сибирски самојед, кане корсо, германски овчар, хаски, добермани, бернардинец, лабрадор  кои беа интересни за посетителите. Најмладите пак  не ја пропуштија можноста да се  фотографираат со нив. Во автохтоната македонска раса шарпланинец каде имаше најголема конкуренција победи кучето Дон, сопственост на  Зоран Мирчевски од Прилеп.

Награда за најмлад водич доби  седумгодишната  Екатерина  Симонова од Скопје која работи со кучето од раса папилон, кој  е новина во македонското кинолошко друштво.  Велешката одгледувачница на кучиња за симболични 200 евра го продаде кучето самојед а парите ги донираше за жена до Скопје која прехранува бездомни кучиња.  Организатор на првенството беше Кинолошкиот клуб  ,,Велканис,, од Велес, кој догодина сака да биде домаќин на меѓународна изложба.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »