речник контакт

Агенција за обезбедување ќе го чува Вардар од рибокрадци

Здружението на спортски риболовци реши на овој начин да се бори со рибокрадците

Петар Печков

ЗСР ,,Бабуна,, од Велес неодамна ја доби концесијата за риболов на реката Вардар, од вливот во Пчиња, до вливот на Црна река и на реката Бабуна. Со цел да се запрат рибокрадците и покрај тоа што имаат чуварска служба, тие се одлучија да најмат агенција за обезбедување. Таа ќе патролира по должината на велешкиот ревир и ќе треба да ги лови рибокрадците.

Големениот број на рибокрадци  од здружението го толкуваат со зголемениот број на социјални случаи и невработени во градот, па дел од нив на овој незаконски начин се обидуваат да стигнат до средства за живот, продвајќи ја рибата на црно по 100 денари кг. Од ЗСР ,,Бабуна,, сметаат дека парите кои се собираат од пресудените  прекршочните пријави, поднесени против овие лица, треба да се собираат во некој вид паричен фонд, кој ќе биде наменет за обновување на рибниот фонд.

На тој начин би се збогатил фондот пред се во  реката Вардар која поради високата загаденост е без малку мртва река. Од годишниот буџет на ЗСР ,,Бабуна,, 240 илјади денари се предвидени за порибување. Годишната дозвола за спортски риболов чини 1500 денари а дневната е 200 денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »