Петар Печков
Објавено: петок, 08 март 2019
Агенцијата за вработување со сет на програми за вработување на невработените. Годинава со Оперативниот план за вработување се издвоени рекордни 1,1 милјарда денари што е највисокиот износ, што некоја Влада го обезбедила за поддршка на отворање на нови работни места.
Една од нив е преку ,,Програмата Поддршка за Самовработување- Претприемништво,, Се однесува на невработени млади лица до 29 години, невработени лица со попреченост, невработени жени од ранливи категории, Финансиската поддршка опфаќа обезбедување на неповратни средства грант во износ од 246.000 до 307.500 денари по корисник или до 615.000 денари доколку се основа правен субјект од два содружника. Правните субјекти основани од страна на инвалидни лица имаат можност за дополнителен грант за вработување до две лица во износ од 92.000 денари за вработување на лице на возраст над 29 години или 153.750 денари за вработување на лице до 29 години, согласно условите наведени во договорот.
Агенцијата за вработување ги повикува невработените лица, на возраст до 34 години а со минимум завршено основно образование да се вклучат во мерката практикантство. Се однесува за период до три месеци кај работодавачи заради стекнување на одредени практични знаења и вештини. За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во мерката Практикантство, се предвидува финансиска поддршка во износ од 9.000 денари месечно, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход, за периодот за кој се извршува практичната обука.
Tweet |