речник контакт

Агонијата во Киро Ќучук продолжува, повторно исклучена струјата

Поради неплатен долг струјата исклучена, работниците пак по дома. Има ли крај на маките на вработените од друштвото кое им должи 30 плати и повеќе не работи, отколку што произведува цигли

Петар Печков

 АД Киро Ќучук запре со работата а работниците се дома. Ова откако во понеделникот попладне е исклучена електричната енергија поради неплатен долг кон ЕВН. Сто и педесет работници наместо на работните места сега ќе одмараат, на недоредено. Тие стравуваат дека ова е крај за фирмата, кој последните години повеќе не работеше отколку што произведуваше цигли.

Дојдовме наутро на работа, кога темница во погонот, нема струја. До осум така седевме и тогаш ни дадоа да сме метеле по кругот. Срамота, како да сме војска а не работници. Си заминавме. Мислам дека ова е крајот на фирмата. Три пати започнувавме одново, но ништо не се смени. И натаму  добивавме пари на рака,  останаа заостанати 30 плати без придонеси. А се надевавме дека овој пат се ќе биде во ред, но и сега директорот Камчев не прелага. Од 850 некогаш вработени сега сме ангажирани околу 150 лица   - велат работниците кои уште напладне си заминаа дома а работите места ги заменија со прошетка по улица. 

Минатата седмица дел од нив јавно се пожалија дека дел до  вработени биле исплатени, додека други не добивале ништо за изминатите два месеци работа. Сите тие сега стравуваат дека ќе останат без сработеното, како што досега во повеќе наврати го случило, иако во кругот на фабриката имало цигли, според работниците во вредност до 70 илјади евра. Од ЕВН потврдија дека тие ја исклучиле струјата поради неплатен долг. Не  соопштуваат за која сума станува збор, но била  милионска вредност, за која досега не биле платени ни половината од парите..

 И покрај повеќето опомени дека не се почитува рокот за плаќање на заостанатиот долг, од друштвото се оглушија на овие предупредувања. Тие имаа можност на плаќање на рати да го подмират долгот, истовремено и да работи фабриката, но помина сите рокови, па моравме да постапиме како и кај другите корисници и да го прекинеме електро снабдувањето – велат од ЕВН.

Пред една година на 19 октомври поради неплатен долг исто така беше исклучена струјата. Истата беше пуштена по девет месеци, на 14 август, откако непозната фирма платила дел од долгот со обврска на навремено плаќање на ратите. Агонијата на АД Киро Ќучук трае со години а во 2008-та имаше поведено и пред стечајна постапка, поради милионските долгови кон УЈП и Фондовите за Здравство и ПИОМ, но таа беше повлечена пред самото судско рочиште. Работниците се сомневаат дека ако друштвото отиде во стечај, ќе добијат било каков дел од нивните побарувања, бидејќи целокупниот имот бил ставен под хипотека.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »