речник контакт

Адвокатот Јаковлевски нов претседател на Либералната партија во Велес

За промена во државата, потребна е промена на партискиот поредок

Петар Печков

На Годишното изборно Собрание на Либералната партија за Велес, беше избрано ново раководство. За претседател е избран Александар Јаковлевски, дипломиран правник, работи како адвокат.

Заблагодарувајќи се за довербата, Јаковлевски оцени дека ова се предизвикувачки моменти за Велес и за државата. 

Нашите подготовки и активности мора да бидат насочени кон квалитетни решенија за проблемите на Велешани и на граѓаните на Македонија воопшто. Велес и регионот имаат сериозни проблеми: од економски и социјални, до еколошки. Нашиот придонес, вклучително мојот личен ангажман ќе бидат во насока на промовирањето на овој нов пристап во велешката и македонската политика, заснован на потребите на модерната политичка генерација, но и на традицијата во која велешани се имаат вградено во државната политика во Македонија  - најави Јаковлевски. 

На средбата присуствуваа и генералниот секретар Филип Николовски и членот на ЦК, Данчо Марковски. Претседателот на либералната партија  Ивон Величковски во Велес најави: „За позитивна промена во државата, потребна е промена на партискиот поредок. А тоа не бара потребна „пржинска коалиција“, туку трансформација на партиите“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »