речник контакт

Адвокатот Душко Петров, претседавач на Советот на Општина Велес

Советот ја одржи првата - конститутивна седница

Петар Печков

Советот на Општина  Велес ја одржа првата – која беше   конститутивна седница. Беше верификуван мандатот на сите 23-ца советника.  Потоа сите тие полагаа свечена  заклетва и  потпишаа изјава Како највозрасен оваа седница ја водеше Бесим Ахмедов. 

На првата седница беше избран и претседавач на Советот. Тоа е дипломираниот правник Душко Петров кој доби 12 гласа наспроти 11-те на Александар Колев.   Флорентина Ристова Шурбевска како кандидат ја предложи Весна Стојанова  Богоевска, но таа се повлече.   

Како ново избран претседател на Советот на Општина  Велес, сакам да се заблагодарам на колегите за поддршката. И се надевам дека нивната доверба ќе ја оправдам. Ќе го водам Советот и  неговите членови кон чесна, совесна и домаќинска работа. Ќе работиме да ги решиме проблемите на граѓаните, да  одговориме на прашањата  поставени од јавноста и на крај  главната цел на сите нас  е да го направиме Велес  и општината,  подобро место за живеење. Барам од  советниците да се почитуваат  меѓу себе, нема да има никаква  дискриминација пред се партиска, бидејќи ги гледам како едно големо семејство – рече Петров.

Од името на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ неговиот избор, изборот  на сите  советници како и на градоначалникот Аце Коцевски им го честиташе Александар Колев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »