речник контакт

Ако не размислуваме различно, светот би бил едноставен

Иницијаторите за реформи на ВМРО-ДПМНЕ на трибина во Велес

Петар Печков

Групата која  бара  реформи во политичката партија ВМРО-ДПМНЕ вчеравечер одржа  состанок  панел дискусија со велешките поддржувачи.  Со овој тип на средби тие сметаат дека се проширува внатре партиската  иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ  и преку непосреден контакт    со членовите се разговараа за главните идеи на бараните  суштински реформи.   

На овие состаноци се отвораат локални прашања, за општински комитети за локалната самоуправа. Имаме издржани идеи од членовите кои помагаат да ја коригираме  нашата активност во моменти на експанзија на нашите. Сигурен сум дека реформиран  Општински комитет во Велес, еден свеж тим, со нов лидер на бина сигурно ќе донесе отколку тоа што го имаме тука. Локалните избори не  ни се во  фокус, не сме разработиле како би настапиле. Но нашите интереси се строго кон ВМРО-ДПМНЕ  и  нашата партија    – рече  Петар Богојески еден од лидерите на  т.н. ,,Реформатори,,. Пред присутните се обратија и тројца велешани кои  ја поддржуваат иницијативата за реформи.

Член сум на партијата од 1996-та. Тука сум оти сметам дека требаат промени. Не сум задоволна како во моментов функционира партијата, како се избираат конкретно во време на избори, кандидати за градоначалник, листата за советници. Сметам дека треба членството да го каже својот збор – рече     Сузана Мурџева.

Јас сум лојален  и искрен поддржувач. Јас не дојдов заради луѓето и раководството, туку заради идеите и идеологијата. ВМРО-ДПМНЕ треба да биде на страната на народот.    Секој треба слободно да го каже своето  мислење и својот став. Досега тоа не беше случај.  Ако бевте со спротивно мислење бевте угушени. Дури на  социјалните мрежи ако ставивте лајк, добивате предупредување и санкција, тоа не е партија за демократско единство. Ако  не размислуваме  различно светот би бил многу едноставен. Се уште постои стравот и репресијата. Се знаеше  кој со кого седи, со кого го  пие кафето, со кого  живее, со кога разговара на телефон. Тоа не смее да се случува  - рече   Ристе Најдов, кој  присутните  ги наслови ,,браќа и сестри,,. Неговото емотивно обраќање беше прифатено од присутните со силен аплауз.  

Иако ВМРО-ДМНЕ ни е фамилијарна светост, некои луѓе од партијата, мислеа дека таа може да   биде средство за спроведување на нивни цели. За жал во тоа успеаја. Јас и бев жртва на некои луѓе, и не очекував дека каменот ќе дојде од толку блиску, што не сум го заслужил. Јас го добив  и од тој момент  ги разбрав вистински цели на една групација луѓе,  кои свесно узурпираа партија, која  беше толку чиста и демократски поставена. Можеше да се  дебатира за различни ставови,  не постоеше страв ако кажеш свое мислење е а да не наидеш на критика. И сето  тоа во  релативно кратко време со помош на ,,раздели па владеј,,.   Ако врхушката речеше ,,црна овца,, тогаш  стануваш црна овца, без доказ. Овие реформисти ми го донесоа  времето и духот кога во партијата одевме  со задоволство, колку и да звучи рурално денес , тогаш се нарекувавме ,,браќа и  сестри,,   Тоа ни  даваше енергија и сила.  Тоа го препознав во   ова движење и пристапив – порача  Глигор Чатмов. 

ВМРО-ДПМНЕ без суштински  реформи нема иднина.  Сето што се прави моментално, некои кадровски освежување,  не можат да донесат   нов имиџ  на нашата партија. Како  врвот на партијата ја практикуваше внатрешно партиската демократија и демократијата воопшто, не доведе да иако таа победи на изборите со 51 пратеник не  може да  состави  Влада.     Три години партијата беше во криза, толку време државата беше во криза. Лидерот Груевски, влечеше грешен потег во серија – рече  Александар Михајловски еден од иницијаторите за реформи во партијата.   

Подоцна во дебатата на состанокот повеќето присутни ги прашаа иницијаторите, ,,за кого да гласаат на локалните избори,,  бидејќи  ако ги поддржеле понудените кандидати, значело легитимитет за Груевски. Одговор на ова прашање не добија. 

Ако собере 450 илјади гласови тогаш Груевски ќе рече еве народот  ме сака, партијата е во ред.  Тој ја црпи силата, која ние  ја даваме. И тоа  со пенкалото. Само ако биде  поразена тогаш тие крлежи и пијавици ќе заминат. Така беше порано, со ВМРО-ДПМНЕ ја обновивме и пак победивме.  Ако имаш камен на патот, се сопнуваш но не го  тргнуваше, и  пак се сопнуваш и пак. Тогаш до себе е не е до некој друг. Каменот нема  да се отстрани сам  – констатира  Ангелко Тошевски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »