речник контакт

Актерката Славица Манаскова се омажи (фото)

Нејзиниот сопруг е скопјанецот Гоце Митров. Честитки за младите

Петар Печков

Велешанката, актерка на театарот ,,Јордан Хаџи Константниов Џинот,,   Славица Манаскова од неодамна е Митрова. Таа се омажи за скопјанецот Гоце Митров  и на нејзиното презиме  го додаде од сопругот.

Свадбата поточно забавата на младенците се одржа во ресторанот Воденица во Скопје  ,  со најблиските  како и колегите на Славица,  актерите од велешки театар. 

За забавата биле задолжени групата  South Park и вокалистката Џасмин, која на крајот од свадбената веселба го фати бидермаерот.  По неа младенците медената недела ја мина на Малдивите...

Така нивната деветгодишна врска беше крунисана со брак а наскоро  Славица и Гоце чекаат  и принова. Зетот работи  во некоја од  Африканските држави.

Честитки за  Гоце и Славица, нејзиното  отсуство од сцената на велешки театар е оправдано!!

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »