речник контакт

Актерот Љутков го освои Мариово на велосипед

Најавува нова авантура на две тркала, учество на маратонот Шарски води

Петар Печков

Актерот Зоран Љутков има нова страст која се вози на две тркала. Како вљубеник во велосипедизмо,  изминатиот викенд беше дел од стотината учесници во турата „Мариово на дланка“, кои со своите велосипеди го освојуваа Мариово.

Турата стартуваше во селото Манастир, а идејата е да се популаризира велосипедизмот како спорт и алтернативен начин на транспорт, како и запознавање на реонот на Мариово.

Што го натера Љутков на учество во велосипедската тура?

Ми беше предизвик. Сум пробувал разни спортови, но како што минуваат годините, така станувате и се' поограничени во изборот. Велосипедизмот полека ми стана интересен, а ја сакам и природата, често одам на планинарење, така што комбинацијата се покажа како одлична. Велосипедизмот за мене е повеќе рекреација отколку спорт, турата беше тешка, но не влегов со амбиции да победам, туку да видам до каде ми се можностите. Поминавме 54 километри, поделени во три етапи. Кон крајот на јуни, здравје Боже, се надевам и на учество на планинарскиот велосипедски маратон ’Шарски Води 2013‘“  рече Љутков, кој вели дека да се види Мариово и околината на велосипед е навистина незаменливо искуство

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »