Петар Печков
Објавено: сабота, 16 септември 2017
Осумгодишната врска минатиот викенд, на 9-ти септември велешкиот актер Жарко Спасовски ја круниса и стапи во брак со неговата девојка Камелија Спасовска.
Тие беа во врска цели 8 години, која ја крунисаа со венчавка во црквата Св. Богородица.
Жарко е актер во велешки театар додека Камелија работи во финансии во велешка Маслодајна.
Свадбената веселба на која беа и колегите на Жаре, актерите од театар a за одлична забава и доброто расположение се погрижи ,,Тајфата,, и Димитар Андонов.
Венчаницата на Камелија беше креација на Александра Крнинова а реализација на Бога. Жарко беше облечен во модел на Тивес мода.
Благодарност за фотографиите кои се на студио Тулип вединг и ги отстапи за читателите на ТрМр.
Tweet |