речник контакт

Актерската награда ,,Петре Прличко,, вреди петстотини евра

Велешкиот театар се повлекол а Здружението на драмски уметници Џинот повеќе не постои

Петар Печков

Актерската награда за животно дело ,,Петре Прличко,, е парично вредна петстотини евра. Ова е одлука на Советот на Општина Велес, откако останатите  основачи на наградата се повлекле од  паричниот дел.

 Наградата беше востановена пред десетина години,  по предлог на градоначалникот на Општина Велес, актерите од театарот ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, и членовите на Здружението на драмски уметници на Република Македонија,,Џинот,, од Скопје.    

Одлуката предвидуваше оваа награда да се обезбедува од средства од сите три иницијатори за нејзино востановување. Во последните неколку години еден од основачите,  Народниот театар од Велес се повлече со објаснување  дека не е во состојба да го обезбеди паричниот дел од наградата. За сметка на тоа актерите секоја година ќе продолжат без надоместок да играат претстава во чест на наградениот. Голем проблем се јави и со учеството на  Здружението на драмски уметници кое  формално правно не постои затоа што не е пререгистрирано по Законот за здруженија и фондација, а со самото тоа нема ни буџет да го обезбеди својот дел од наградата - велат од Општина Велес.

Со измените на оваа Одлука  паричниот дел го обезбедува единствено Општина Велес од локалниот  буџетот во висина од 30 илјади денари,  како и плакета со ликот на Петре Прличко за добитникот на наградата. Што се однесува пак до предлозите за членови на Комисијата за избор на добитник на Актерската награда „Петре Прличко“, два члена од комисијата ќе предложи театарот а еден Советот на општината. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »