Петар Печков
Објавено: недела, 20 март 2011
За Велес да добие колоритен лик, да се зазелени и прочисти загадената средина, велешките екологисти и граѓаните засадија засадија стотина садници, јасен и цветни грмушки, околу спомен Костурницата , ,,Зелената коалиција,, како неформално граѓанско здружение на еколошките здруженија ја организираше акцијата ,,Зелен Велес,, со која на градот му подарија нов зелен простор, по повод Денот на пролетта.
Ова е јасен знак дека велешани го сакаат својот град и го гледаат како чисто, здраво и зелено место за живеење. Нему му е потребно што повеќе зелена површина и затоа работиме на тоа. Велешани се еколошки освестени и тоа го покажуваат во пракса, многу пати - изјави д-р Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила Зора. Извидници, екологисти, припадници на Црвениот крст, родители, деца со посебни потреби, сите тие и покрај ветровитото и дождливо време дојдоа на му подарат нови зелени дробови, на загадениот град.
Дојдовме да дадеме поддршка на младите. Ова го правевме на нивни години, но сега е потребно и како постари. Желбата ни е Велес да биде зелен и чист, за доброто на сите нас. Сакавме да насадиме дрво, кое ќе биде јако како нас – рече Нада Кацарска која дојде на акцијата со нејзината пријателка Милка Трчкова. Меѓу учесниците беше и првиот човек на општината, кој симболично засади неколку садници.
На овој начин граѓаните на Велес сакаат пригодно да ја пречекаат пролетта и учествуваат во озеленувањето на својот град. Тие овој чин го чувствуваат за свое добро и е еден од низата кој се случуваат во градот и државата. Добро е што е организирана од граѓанскиот невладин сектор – изјави Горан Петров градоначалник на Велес. Садниците се обезбедени од ЈКП Дервен а финансиска помош за акцијата дала локалната власт.
Кој се беше на акцијата, преку фото архивата
Tweet |