речник контакт

Акција ,,Чист град,, Велeс без хаварисани возила

На 5-ти септември годинава Општина Велес во соработка со СВР –Велес започна со реализација на акцијата „Чист град 2011“.

Петар Печков

Цел на акцијата е да се евидентираат и отстранат нерегистрираните, хаварисаните и дотраените моторни возила, приколките и камп-приколките  од отворени простори и јавно сообраќајни површини како и да се создадат  услови за безбеден и уреден сообраќај и здрава животна средина.

Врз основа на законските надлежности Општина Велес и СВР-Велес  започнаа  заедничка акција „ЧИСТ ГРАД 2011“.
Акцијата стартуваше на 5-ти септември годинава  и ќе се реализира со цел да се евидентираат и  да се отстранат нерегистрираните, хаварисаните и дотраените моторни возила, приколките и камп-приколките  од отворени простори и јавно сообраќајни површини како и создавање на услови за безбеден и уреден сообраќај и здрава животна средина.

Општина Велес и СВР Велес ги потсетуваат граѓаните дека согласно Законот за јавна чистота, на јавните површини  забрането е :
   Оставање на нерегистрирани, хаварисани возила, приколки и камп приколки,
   Фрлање и оставање отпадоци од градежен материјал,
  Поправање,  сервисирање возила  и вршење на разни занаетчиски работи,
 Миење на возила и камп-приколки,
 Оставање на запрежни коли, трактори, земјоделски машини и алатки
   Испуштање на отпадни води и други течности од дворните места и објекти

Согласно предвидената динамика за успешна реализација на акцијата, истата ќе се спроведе во две фази и тоа превентивна и репресивна.

Во првата фаза ќе се врши континуирано информирање на граѓаните за нивните обврски согласно Законот за јавна чистота .

Екипа на СВР Велес и Општина Велес  врши контрола на состојбата на улиците , паркинг просторите пред и зад стамбените згради како и јавните паркиралишта.

Утврдените прекршоци ќе се документираат и фотографираат, а сопствениците на  непрописно оставените хаварисани возила и сл. ќе бидат известени да ги отстранат во рок од 15 дена.

 Ваква акција се спроведуваше и пред неколку години, и сега по пауза повторно се активира, за чистење на хаварисаните возила до јавните површини.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »