речник контакт

Акција за Велес без отпад, се собира габаритен отпад од домовите

Акцијата е бесплатна, пријавувањето е до 25 август

Петар Печков

ЈКП Дервен ќе го собира габаритниот отпад од домаќинствата. Наместо да завршува по улиците, на јавните површини, иако тоа не е дозволено, граѓаните кои поседуваат ваков отпад, ќе можат да го предадат на вработените од сектор Комунална хигиена.

„Почнувајќи од 26 август до 1 септември ЈКП Дервен ќе спроведе акција за собирање на габаритен отпад. Граѓаните кои имаат габаритен отпад можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот, од 19 до 25 август. Оваа услуга е бесплатна “- соопштија од локалната власт.
 
Граѓаните можат да пријават за собирање на габаритен отпад на следните телефони  043/233-768 или 078/389-300.

Граѓаните ги потествуаат  габаритниот отпад да не го изнесуваат на јавни површини и да не го оставаат до контејнерите за отпад без претходно да договорат термин за собирање.

„Чиста животна околина е наше право, но и наша одговорност“- порачуваат од Општина Велес.

Во габаритен отпад спаѓаат: делови од мебел, душеци, дрвена амбалажа, столарија, пластични сандаци, гајби, алатки, пружини, радијатори, санитарии. Во годинашната акција нема да се собираат електорнски апарати, телевизори, комјутери, лап топи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »