Петар Печков
Објавено: четврток, 09 ноември 2017
Општина Велес, ЈКП Дервен и организацијата „Нула отпад Скопје“ од петок, 10-ти ноември ја организираат “ акцијата за собирање на електрична и електронска опрема. Целта на оваа акција е да се заштити животната средина од опасен отпад. Акцијата се реализира од 10 до крајот на месецов, 30 ноември.
Организаторот потсетува дека граѓаните можат да фрлат како отпад од електрична и електронска опрема: големи домашни апарати, мали домашни апарати, компјутерска опрема, електронска опрема, опрема за осветлување, електрични и електронски апарати, електронски играчки и опрема, кабли, адаптери, полначи за мобилни телефони, батерии и акумулатори.
Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат во акција можат да се јават на телефонскиот број 070/233-768 секој работен ден од 07:00 до 14:00 часот. Отпадот од електрична и електронска опрема ЈКП Дервен бесплатно ќе го превеземе од домови и при тоа на граѓаните ќе им е издаде изјава за примопредавање.
Tweet |