Петар Печков
Објавено: недела, 17 декември 2006
И во Велес започна акцијата на рушење на дивоградбите, која ја споведува локалната власт.
По првиот ден срушени се еден автосервис и ве-це лоцирани во градот, додека надлежните служби се вратија со незавршена работа од селото Горно Оризари. Таму според општинските надлежни служби бил постигнат договор сопственикот сам да го отстрани нелегално изградениот објект до наредната среда.
На останатите два објекти немало никакви проблеми при рушењето, кое ќе продолжи и наредните денови. Градежната инспекција дала налози за рушење на дивоградби во централното градско подрачје кои треба да се реализираат до среда.
Приоритети ќе бидат и нелегалните објекти кои се изградени до Рени бунарите во месноста Шорка, од каде летно време градот се снабдува со вода, а таму биле лоцирани неколку фарми за чување на свињи.
Во оваа акција нема да се отстрануваат камп-приколките од крајбрежниот појас на езерото Младост, кои се оставени за наредната година.
Нема да се рушат ни објектите во месноста Бабуна, која локалната власт ја прогласи за карактеристичен пејсаж но и покрај тоа таму се изградени на диво стотина куќи кои немаат никаква инфраструктура.
За рушењето на бесправно подигнатите објекти од локалниот буџет годинава се издвоени 300 илјади денари, што според општинските претставници е премалку за да се отстранат сите нелегални градби.

Tweet |