Петар Печков
Објавено: вторник, 23 декември 2008
Координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост при неколку контроли во Велес констатирала и повеќе неправилности. Од интернет кафето Логин одземени се 12 компјутери бидејќи сопствениците не поседувале лиценца за софтвер.
Од дивите препродавачи на Градскиот пазар, од две лица одземени се илјада ЦД и ДВД дискови.
Контрола е извршена и на кабелската ТВ со цел да се провери дали го емитуват пакетот од 66 канали што е пријавен во Советот за радиодифизија и дали за нив имаат договори за реемитување со телевизиите.
Инспекторите биле и во фабриката „Ветекс“ по пријава на турски производител, кој реагирал бидејќи сметал дека тука се произведува нивен конец, за кои „Ветекс“ нема лиценца. Ова откако ове две фирми порано работеле заеднички за трети пазари, но по раскинувњето на договорот со турците, тие сметаат дека „Ветекс“ продолжил да го произведува конецот. Овој навод не е потврден при инспекцијата во фабриката. Од ова координативно тело најавуваат дека ќе продолжат со контролите пред се на интернет клубовите, од каде бараат лиценци за софтверот, и во наредниот период.

Tweet |