Петар Печков
Објавено: среда, 21 јуни 2006
Повеќе од 250 пензионери се претставија пред велешани со песна, игра и музика во рамките на Регионалната ревија која вчера се одржа во Велес. Со подзаборавени песни од својот регион, со ора што ги играле нивните предци тие неколку часа го доловија македонскиот изворен фолклор. - Посакувам што повеќе пензионерски здруженија да се приклучат на манифестацијата и наследството од нашите стари да го оставиме на идните поколенија –порача на отварањето Душко Шурбановски претседател на Сојузот на пензионерите на Македонија. На ревијата која беше четврта по ред, се претставија учесници пензионери од Валандово, Прилеп, Неготино, Гевгелија, Кавадарци, Богданци и домаќинот Велес. Градоначалникот на Велес Аце Коцевски им честиташе на храброста за организирање на ваква манифестација во период кога Македонија е преокупирана со фудбал-Светското првенство и парламентарните избори. Учесниците си посакаа добро здравје и желба да се видат наредната година во некој друг град во земјава.
Tweet |