речник контакт

Албански државјанин доби 7 години затвор за 130 кг марихуана

Саимир Рушитај (37 год) марихуаната ја чувал во специјално направен бункер и ја пренесувал за Турција

Петар Печков

  Албанскиот државјанин Саимир Рушитај (37 год) доби седум години затвор  за кривичното дело ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“. Обвинетиот  беше прогласен за виновен во Основен суд Велес откако  на граничниот премин Богородица во камионот кој го управувал биле  пронајдени 130 кг марихуана.

Рушитај  не го признал делото, тврдел дека марихуаната му била подметната , дека  камионот го презел во близина на автопатот,  оставен од шофер, кого не го сретнал, дека камионот му го предал некој и му кажал дека треба да го превезе во Турција и дека кога ќе ја помине македонско грчката граница, на граничниот премин Богородица, на околу 20 до 30 км. после граница во Грција, ќе биде пречекан од  лице кое ќе го упати каде понатаму да вози.  Објаснил дека работел како возач на камион 18 години и возел надвор од Албанија, но прв пат преземал камион  оставен вод поле.

Неговиот бранител Душко Петров  во завршниот збор кажа дека  обвинетиот бил само возач во камионот, не бил толку имотен за да купи 130 кг марихуана и истата да ја пренесе заради препродажба.   

Рушитај беше откриен на 2 мај годинава,  во 3 часот, на граничниот премин Богородица на излез од Република Македонија, кога со  товарното моторно возило со албански регистарски ознакија напуштал Македонија а патувал за Турција каде требало да натовари стока. Царинските службеници извршиле контрола на возилото, при што во дрвените странични даски што ја држат церадата од полуприколката (во специјално изработен простор во внатрешноста на даските), се пронајдени вкупно 323 пакувања завиткани со прозирна најлонска фолија, наполнети со марихуана со вкупна тежина од 130 килограми.  Вредноста на запленетата дрога на црниот пазар при продажба на мало би изнесувала  390 илјади евра.

Во средата 3 октомври 2018 година на граничниот премин Богородица мобилните царински тимови запленија количина на марихуана и хашиш. На граничниот премин Богородица, на излез од Република Македонија околу 12:30 часот во патничко моторно возило, со албански регистарски таблици, управувано и сопственост на лицето О.Л. и сопатникот А.Ј., двајцата државјани на Република Албанија скриени во посебен простор биле пронајдени   34,6 кг марихуана и 9,8 кг хашиш. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »